За нас

ЗГ Велес Бајкинг е формирано на 11.11.2014 година

Но, здружението постои неколклу години порано најпрво како мала група која се собираше 1-2 неделано за мали кратки тури по околината на Велес, за да на 12 август 2012 година за прв пат преку Facebook група ја организираме нашата прва тура до с. Подлес, во должина од 78км по асфалтен пат. Во оваа тура учествуваа 8 велосипедисти.

По оваа тура секој викенд организиравме разни тури до определени места локации кои ни беа интересни, за да во септември 2014 година дојдовме на идеја да орхганизираме велосипедска тура „Питијада 2014“ која беше во склоп на Велешкиот фестивал на пити и вино. На нашата прв организиран настан учествуваа преку 350 учесници од цела Македонија а гости имавме и од соседна Србија.

Од таму започна целата наша приказна

Од тогаш натаму, Велес Бајкинг секоја година, во изминативе 11 години во бројки имаме постигнато следно:

  • Организација на outdoor festival АЗОТ мтб Предизвик 11 години со учество на преку 4000 учесници;
  • Организација на Рекреативна Велосипедска тура „Велес мтб tour“ 11 години, со учество на преку 3000 учесници од цела Европа.
  • Организација на Организација на рекреативна велосипедска тура „Со велосипед низ Македонските Степи“ „Вело прошетка до земјата на Медот“ #Honeyland од 2018 година па наваму, со учество на преку 2000 учесници.
  • Организација на годишно ниво на преку 25 локални тури, 15 ноќни тури, еднаш годишно организираме и хуманитарна крводарителска акција,