Денешниот ден го поминавме низ преубавите предели на Михајлово и планината Кожуф Нашата 9-члена екипа успешно ја совлада турата #ВоСрцетоНаКожуф2026, оставајќи зад себе 31,8 километри планинска патека со 1300 метри висинска разлика, за на крај да се искачи на врвот Дудица (2145 мнв)! Особено нè радува издржливоста на нашите најмлади членови (11 и 14 години)…