Неколку години ја договараме оваа тура, по нас – една од „потешките“ во Македонија.
Искачувањето на #СолунскаГлава2540мнв, со должина од 48км и висинска елевација од некаде 1800м е доволен податок за тежината на турата…..
Како за долгогошен договор имавме добар „кворум“ од 15-на наши членови, меѓу кои #Борјан кој има само 11 години и се искачи со точак на врвот на #СолунскаГлава2540мнв , и секако „нашиот“ #ВлаткоШкаф инаку член на K3 Bike Hike and Camping
Нашето патешествие започна од с.Горно Јаболчиште, па преку Бегово Поле до самиот врв.
Патот во поголемиот дел возлив, но последниот дел од Бегово поле до самиот врв е крајно екстремен со многу камења и угорнини на делови и практично невозлив.
Сепак, преовлада големата желба и цврстата волја на сите нас. Некаде околу 13:30 часот пристигнсавме на врвот од каде се протега одличен поглед на најголемите врвови на Македонија.


Искачувањето на #СолунскаГлава2540мнв е приказна сама по себе и тоа може само да се доживее, не и да се прераскаже. Сепак, ќе оставиме некоја фотографија за спомен на најголемиот дел од нас (дури 10-мина за прв пат го чувствуваат овој адреналин и ја освојуваат нашата планинска убавица)

Препорачуваме на сите да ја посетата #СолунскаГлава2540мнв затоа што таа навистина е вистинска убавица…




Leave a Reply