• Датум: 11 – 12 јули
  • Локација: с. Богомила, област Азот

Со огромна гордост и неизмерно задоволство го заокруживме 12-то издание на најголемиот македонски outdoor фестивал – „АЗОТ ’26“. Изминатиот викенд (11 – 12 јули), преубавото село Богомила во живописниот регион Азот беше центар на адреналинот, природата и спортскиот дух во Македонија.
Дванаесеттата епизода на овој традиционален настан ја продолжи успешната приказна во организација на велосипедското здружение Велес Бајкинг и Македонската Асоцијација на Аматерски Велосипедски Здруженија и Клубови (МААВЗК). Фестивалот уште еднаш докажа зошто е еден од најомилените спортски настани на отворено во земјава и регионот.
Овогодинешното издание понуди богата спортска програма во која секој учесник го пронајде својот предизвик:
    • Велосипедска тура АЗОТ 2026 мтб предизвик – голема патека: 40,9 км адреналински голем маратон.
    • Велосипедска тура АЗОТ 2026 мтб предизвик – средна патека: Предизвикувачки мал маратон од 34,1 км.
    • Роад тура Богомила – манастир Зрзе, Долнени: Неверојатни 60 км за љубителите на патниот велосипедизам.
    • АЗОТ HIKING 2026: Епска планинарска тура долга 15 км низ недопрената природа.
    • Цикло крос натпревари: Возбудливи трки за сите генерации и категории од 7 до 77 години.
    • МААВЗК трки:Натпреварувачки сегменти на road и мтб патеките.

Сабота навечер во знакот на чист рок звук

македонски outdoor festival „АЗОТ мтб Предизвик 2026“одамна не е само спорт, туку комплетно фестивалско искуство. Покрај дневните активности, саботата навечер помина во одлична атмосфера, дружење и ладно пиво. За жестоката забава која започна во 21:00 часот се погрижи рок бендот WHITE WALL Скопје, кој ги забавуваше присутните под отворено небо во Богомила.
Благодарност до сите учесници и поддржувачи

Од срце им благодариме на сите учесници, волонтери, логистичари и спонзори кои беа дел од оваа 12-та незаборавна приказна.
Вие сте моторот кој нè турка напред!
Традицијата продолжува – подготвувајте ги велосипедите и кондицијата и за наредна година, бидејќи областа Азот секогаш нуди нови предизвици. Се гледаме на патеките следната година!


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *